Румениге е човек без влакна на јазикот, сега покажа со прст кон ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа Баерн стигна до осмата последователна, односно 30-та титула во историјата на клубот, откако го победи Вердер Бремен со минимални 0:1.

Карл Хајнц Румениге исто така беше задоволен од успехот. Познат како човек без влакна на јазикот, го впери прстот кон ПСЖ по успехот.

Румениге смета дека титулата на Баерн е многу позначајна од онаа на ПСЖ, бидејќи ја добија на терен, а не на зелена маса, како што беше случајот во Лига 1.

“Бевме седум бода во заостаток во есента, од тогаш само победувавме и го направивме тоа на најдобар начин. Дури и фактот што станавме шампиони на празен стадион можеме да си честитаме бидејќи ја освоивме титулата на терен, а не на црвен тепих како што се случи во Франција “, рече Румениге.

Фудбалот во Франција не се игра повеќе од три месеци, па се поставува прашањето во каква состојба ПСЖ ќе го поздрави продолжението на Лигата на шампионите планирано за август. Од друга страна, Баерн ќе биде целосно подготвен.