Румениге најави каде може да продолжи Тијаго Алкантара


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер од средниот ред на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара веројатно ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

Алкантара сака нов предизвик пред да влезе во завршните години од својата кариера, а првиот човек на Баерн, Карл Хајнц Румениге најави дека фудбалерот би можел да заигра во Англија.

„Тијаго сега има 29 години и наскоро ќе има 30 години. За него во иднина ќе биде се потешко да пронајде топ клуб во Европа во кој ќе игра.

Поради тоа мора да имате разбирање за него. Играше за врвен клуб во Шпанија, за врвен клуб во Германија и можеби сака да оди и да игра за врвен клуб во Англија“ –изјави Румениге.