Румениге поднесе оставка, Кан ќе биде извршен директор на Баерн Минхен!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендарниот Карл-Хајнц Румениге поднесе оставка на местото на извршен директор на Баерн Минхен.

Познатиот фудбалски работник го раскина договорот со омилениот тим шест месеци пред да заврши неговиот договор.

Неговата функција, како што беше планирано, ќе ја презема Оливер Кан, кој треба да стане и претседател на екипата од 1 јануари следната година.

Румениге не може да ја промени одлуката и тоа значи дека нема ниту да биде во бордот на директорите на клубот, а кариерата ќе ја продолжи како дел од Извршниот комитет на Европската фудбалска федерација (УЕФА).