Румениге за можното заминување на Левандовски: Кој би сакал да продаде напаѓач што ви носи по 60 гола?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски игра одлично во дресот на Баерн Минхен, а во претходните денови се појавија шпекулации дека би можел да си замине.

Дел од екипите кои се заинтересирани за неговиот потпис се Манчестер сити и Челси, но Полјакот најверојатно ќе остане во Минхен.

Карл Хајнц Румениге даде изјава за германските медиуми во која го исклучи заминувањето на Левандовски од Минхен.

„Верувам дека ќе остане во екипата. Кој би сакал да продаде напаѓач кој ви носи до 60 голови во сезона? Притоа и неговиот менаџер не ни кажал ништо за трансфер“, вели Румениге.