Руни го советува Рангник кои фудбалери да ги избрка од Манчестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот фудбалер Вејн Руни го советува тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник дека треба да се ослободи од двајца фудбалери, а тоа се Кристијано Роналдо и Пол Погба.

Руни смета дека конечно е време „ѓаволите“ да повлечат голем потег и да ги избркаат Роналдо и Погба од екипата.

„Мислам дека е подобро Погба да си замине во нов клуб. Доколку е искрен, Пол знае дека не може да му помогне на тимот“, вели Руни.

Поранешниот англиски репрезентативец вели дека Роналдо не направил никаква разлика во екипата.

„Можеби постигна важни голови за Јунајтед, но тоа е далеку од очекувањата. Сите се надеваа дека тој ќе направи разлика и ќе им донесе титули, но тоа не се случува“, објасни Руни.