Русите ќе останат без финалето во ЛШ поради – Путин!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Истанбул пред неколку години остана без финалето во Лига на шампиони (ЛШ) поради пандемијата на вирусот и ригорозните мерки во Турција, а сега и Русија би можела да остане без организација, меѓутоа овој пат причина е инвазијата на Русија врз Украина.

Британските медуми пишуваат дека главен виновник за тоа е рускиот претседател Владимир Путин, а Санкт Петербург би можел да биде без организација на финалето за сезоната 2021/22, ако нешто не се промени во следниот период.

Тензиите на Истокот на Европа постојано растат, посебно по одлуката на Путин да го потпише признавањето на одделените држави од Украина.

„Дејли Стар“ пишува дека ова ќе ја стави УЕФА во тешка позиција, па таа нема да може да има простор да избере домаќин на финалето, кое е закажано за 28 мај, туку тоа ќе мора да се одигра на „Вембли“ во Лондон, иако таквите шпекулации засега не се ниту потврдени, ниту отфрлени од Европската куќа на фудбалот.