Сабицер потпиша за Манчестер јунајтед: Детето е убиец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед во последните моменти од преодниот рок договори уште едно засилување, а тоа е Марсел Сабицер.

Сабицер доаѓа во Манчестер од Баерн Минхен на позајмица до крајот на сезоната, по што тренерот Ерик Тен Хаг ќе реши дали да го откупи.

Неговиот агент Роџер Витман кажа дека клубот од Манчестер добива квалитетен фудбалер.

„Тој е непријатна личност кога не игра. Не сака да губи, детето е убиец. Така изгледаат фудбалери кои сакаат победи“, кажа Витман.