САД и Мексико патуваат за Катар: Костарика преку бараж ќе бара виза за СП (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентациите на САД и Мексико обезбедија место на Светското првенство во Катар, додека Костарика ќе се бори против Нов Зеланд во баражот за пласман на Мундијалот.

Американците загубија со 0-2 од Костарика во последното коло од квалификациите, но тоа не им ги расипа плановите, додека Мексико триумфираше против Салвадор со 2-0.

Канада загуби во меч кој немаше никаква важност за нив на гостувањето кај Панама (0-1), додека Јамајка во уште еден меч без голема важност го реши Хондурас со 2-1.

Мексико и САД ќе бидат во вториот шешир при ждрепката за Свесткото првенство, која ќе се одрижи во петок од 18 часот.