Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот возач Карлос Саинц откри дека добил неколку понуди за следната сезона, но сè уште не донел конечна одлука за тоа кој ќе биде неговиот тим.
Мерцедес, Астон Мартин, Вилијамс, Заубер и Рејсинг булс имаат по едно слободно место, а Хас и Алпин не најавија нови возачи за следната сезона, па сите тие се во конкуренција за потписот на Саинц.
„Сè уште не знам каде ќе возам следната сезона, но имам неколку понуди. Ќе донесам одлука наскоро, сакам да го завршам тоа што е можно побрзо и да се фокусирам до крајот на сезоната на моите настапи со Ферари“, кажа Саинц.