Сака да добие шанса во Реал, па порача: Никогаш нема да играм за Барселона или Севиља!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дани Себаљос летово се враќа во Реал Мадрид откако му заврши позајмицата во Арсенал. Тој во претходните две сезони беше во тимот од Лондон, но премиерлигашот неодамна потврди дека нема да го откупи неговиот договор.

Овој 24-годишен фудбалер во Реал стигна од Бетис за 17 милиони евра во 2017 година, но не доби многу шанса кај тренерот Зинедин Зидан.

Себаљос со „кралевите“ има договор на уште две години и ќе се врати во клубот ова лето, а смета дека ќе добие шанса кај новиот предводник Карло Анчелоти.

Во претходните денови почнаа и шпекулации дека Барселона и Севиља го сакаат потписот на Себаљос, но фудбалерот е јасен во неговата намера да остане во Мадрид.

„Би сакал да се вратам во Ла Лига каде што се чувствувам пријатно. Следната сезона е важна за мене и сакам да играм што е можно повеќе. Никогаш не би заминал во Барселона или Севиља поради што им должам на Реал Мадрид и Бетис“, вели Севиља.