Сакам да бидам Фергусон во Јувентус: Најдобар менаџер е оној кој носи резултати…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалски тренер, Масимилијано Алегри изјави дека може да биде „Алекс Фергусон на Јувентус“, односно да остане во Торино уште долго и да биде поддеднакво успешен.

Фергусон дури 17 години беше на клупата на Јунајтед во периодот од 1986. до 2013. година, освои дури 38 трофеи, а Алегри верува дека може да направи слична работа.

„Најдобриот тренер е оној кој носи резултати. Се сметам себеси за менаџер на клуб, кој дома мора да донесе резултати, не само на спортски план, туку и во смисла на напредок на играчите. Таквите работи можат да влијаат и на финансиската состојба на клубот. Се надевам дека ќе имам ера како Фергусон бидејќи тоа ќе значи останување во Јувентус уште многу години“, истакна Алегри за Коријере дела Сера.

Алегри не бега од одговорност дека Јувентус мора да ги освојува сите трофеи, па и Лигата на шампионите каде го чека моментално дуело против Ајакс.

„Сега мораме да победуваме во Европа и Италија. Ајакс има многу талентирани играчи и систем, кој функционира од деца“, го респектираше Алегри следниот ривал.

Алегри кој често беше на удар на критика на италијанската јавност, за четири и пол години во Јувентус освои исто толку Скудета, односно вкупно 10 пехари, но и загуби две финалиња во Лигата на шампионите, од Барселона со 3:1 во 2015. година и од Реал Мадрид со 4:1 во 2017. година.