Салах бара прекин на огнот меѓу Палестина и Израел (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах ги осуди нападите врз Палестина и испрати порака преку неговите профили на социјалните мрежи.

Египќанецот побара од светските лидери да интервенираат и да го запрат воениот конфликт меѓу Палестина и Израел.

„Масакрот мора да запре, хуманитарна помош за Газа е потребна – веднаш. Луѓето живеат во ужасни услови, сцените од болниците се страшни“, вели Салах.