Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Египетскиот репрезентативец Мохамед Салах во моментов не води преговори со Ливерпул за продолжување на договорот и тоа најверојатно значи дека ќе го напушти клубот.
Како негова следна дестинација се споменуваше Саудиска Арабија, но сега како опција се појави и Италија, односно Милано.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Интер е подготвен да се раздели со тројца фудбалери во следниот период, односно Марко Арнаутовиќ, Хоакин Кореа и Мехди Тареми за да направат место за Салах.
Салах во минатото играше во Серија А, односно го носеше дресот на Фиорентина и Рома пред да се пресели во Ливерпул.