Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Премиерлигашот Ливерпул се пласираше во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ), иако загуби од Интер со 0-1 на „Енфилд“, меѓутоа претходно славеше во првиот меч со 2-0 во Милано.
Мохамед Салах двапати ја погоди стативата синоќа и тоа не беше добра вечер за него, а Ливерпул запиша пораз на домашен терен по речиси една година.
„Интер е тежок ривал, но најважно е тоа што се пласиравме во четвртфинале. Двапати погодив статива. Можеби следниот пат ќе постигнам три гола. Изгубивме и можеби ова ќе ни даде дополнителен ветар во грб. Ова бееш добар меч и може да се научат многу работи од него. Сите сакаат да ја освоиме Лига на шампиони и Премиерлигата, а ние ќе се бориме до крајот“, вели Салах.
Ливерпул во првенството има шест бодови помалку од Манчестер сити, но има одиграно и еден дуел помалку.