Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Египетскиот волшебник Мохамед Салах вчера предвреме го заврши мечот против Челси во ФА-купот, кој му припадна на Ливерпул по изведување на пенали (6-5).
Салах мораше да биде заменет уште во првото полувреме поради повреда, па многумина се исплашија затоа што Ливерпул игра финале против Реал Мадрид на 28 мај.
Сите помислија дека сезоната за Египќанецот е завршена, но тој испрати порака преку социјалните мрежи и кажа дека нема толку лесно да се предаде.
„Сè е во ред, ќе играм во финалето. Нема шанси да го пропуштам мечот против Реал Мадрид“, напиша Салах.