Салихамиџиќ не можеше да збори по поразот на Баерн Минхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен загуби со 0-5 од Борусија Менхенгладбах, а тоа беше еден од најтешките порази во историјата на германскиот гигант.

По мечот Хасан Салихамиџиќ, член на управниот одбор на Баерн, не беше расположен за изјави и едвај кажа неколку зборови пред новинарите.

„Тешко е да се објасни. Во шок сум, ова не е Баерн, ужасни бевме во одбраната“, кажа Салихамиџиќ.

Баерн синоќа не личеше на себе, па стигнаа критики од сите германски медиуми, додека некои сметаат дека оваа „шлаканица“ треба да ѝ помогне на екипата и да ја разбуди по одличните настапи на стартот на сезоната.