Салихамиџиќ не се договори со Алаба, агентот замина на преговори со друг клуб!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хасан Салихамиџиќ остана на својот став откако агентот на Давид Алаба побарал плата од 20 милиони евра за неговиот клиент.

Пини Захави во разговор со Салихамиџиќ јасно му порачал дека бара плата од 20 милиони евра, а тоа го налути раководството на германскиот шампион.

По завршувањето на состанокот, Захави заминал во Шпанија, каде што треба да има преговори со Барселона.

Каталонскиот гигант одамна покажа интерес за репрезентативецот на Австрија. Сепак, и платата е голем проблем во Барселона, зашто клубот нема намера да му даде 20 милиони евра годишно на Алаба.

Така Алаба би можел да остане и без трансфер во Барселона, а во игра за неговиот потпис се уште и Манчестер сити и Челси, но тешко дека ќе му дадат толку голема плата.