Сам си е виновен: Тухел со контроверзно интервју ги изнервирал газдите на ПСЖ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Томас Тухел денеска доби отказ од ПСЖ, иако неговата соработка со францускиот гигант требаше да трае до следното лето.

Француските медиуми објавија дека Тухел сам си е виновен за отказот затоа што дал контроверзно интервју пред синоќешниот натпревар.

„Во ПСЖ повеќе се чувствувам како политичар или министер за спорт, отколку како тренер. Јас само сакам да работам. Поради тоа станав тренер, можам да работам секаде, на секо место каде што има пола терен за тренинг и ДВД уред за снимање на видео-записите. Јас го сакам фудбалот, но во овој клуб не секогаш станува збор за фудбал. Во овој клуб има секакви влијанија, не е секогаш најважен интересот на екипата“, кажал Тухел.

Овие зборови ги налутиле газдите на тимот, кои решиле да се ослободат од стратегот, а како негова замена се споменува Маурицио Покетино.