Само фудбалот може да понуди вакви моменти: Лацио до 93. минута губеше 1:0, па во Рим се врати со три бода!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каљари во последниот дуел од 16 коло во италијанската Серија А го пречека Лацио и загуби со резултат 1:2 по голема резултатска драма

Фантастична серија имаа и двете екипи пред синоќешниот меч, а на крајот играчите на Каљари мораа да им честитаат на гостите од Рим, иако се чинеше дека тие на крај ќе слават бидејќи од осма, па до 93. минута водеа со 1:0.

На Сардинија играат неверојатна сезона и веруваат дека можат да стигнат до место во Лига на шампионите, но синоќешниот пораз од Лацио долго ќе ги прогонува.

Но, толку малку недостасуваше Каљари да дојде до четврто место на табелата, бидејќи до 93. минута ја имаше таа позиција, а потоа се се распадна.

Џовани Симеоне во осма минута ги доведе во водство. Се започна со акција од аут од левата страна, Жоао Педро ја додаде топката до Симеоне, кој снажно шутираше и ја затресе мрежата на Лацио.

Во 93. минута топката се одби до Луис Алберто, кој ја затресе мрежата на Каљари за 1:1. Иако мечот е продолжен за седум минути, се играше осум минути, а во осмата минута од продолжението Каиседо со глава заби од нафрлена топка од левата страна и им донесе значајна победа на Лацио.

Во наредното коло Лацио му гостува на Бреша, додека Каљари ќе гостува во Удинезе.