Само Меси нема цимер во репрезентацијата на Аргентина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси е единствен фудбалер кој во репрезентацијата нема да има цимер на Мундијалот во Катар кој ќе почне в недела.

Меси со години ја делел собата со Серхио Агуеро, кој не игра фудбал веќе некое време, па затоа ѕвездата на ПСЖ не сакал да прифати нов цимер.

Агуеро и Меси пораснаа заедно низ младинските селекции на Аргентина, а беа и во финалето кое Аргентина го загуби со 0-1.

Аргентина оваа година на Мундијалот играат во групата Ц заедно со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.