Само на еден начин можеме да ја надминеме бронзата од Франција

Иван Перишиќ беше прогласен играч на натпреварот во победата на неговата селекција против Шпанија.

Перишиќ го постигна победничкиот гол на натпреварот, а после натпреварот, порача дека неговата репрезентација само на еден начин може да ја надмине бронзата од Франција во 1998 година.

“Вечерта против Шпанија беше посебна. Одигравме одличен натпревар и на крајот го освоивме првото место во групата. Меѓутоа ова е само почеток. Мораме да останеме сконцентрирани и да се бориме, само така ќе ја надминеме бронзата во Франција”– изјави Перишиќ.

Да потсетиме, Хрватска со победата против Шпанија заврши на првото место во групата и така ја избегна Италија во осминафиналето.