Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Создавањето на европската суперлига е главна тема во светската јавност, а многумина се надеваат дека тоа натпреварување нема да почне и ќе пропаднат плановите.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез потврди дека во Суперлигата ќе играат 20 тимови, од кои 15 ќе бидат постојани учесници, а останатите пет ќе изборат пласман преку квалификации.
Тимови кои потпишаа за создавање на вакво натпреварување се Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Тотенхем, Ливерпул, Јувентус, Интер и Милан.
Меѓутоа, англиски „Дејли Мејл“ пишува дека се појавиле проблеми меѓу членовите на Суперлигата, зашто нивните навивачи не се задоволни со одлуката.
Како екипи кои би можеле да се откажат од идејата за Суперлигата се споменуваат Манчестер јунајтед и Ливерпул, иако такво нешто тешко дека ќе се случи затоа што многу пари се во игра.