Сампаоли потврди дека тренерската кариера ќе ја продолжи во Шпанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот селектор на репрезентацијата на Чиле, Хорхе Сампаоли потврди дека својата кариера ќе ја продолжи во Шпанија.

Сампаоли е на мета на неколку европски клубови, но потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Шпанија на клупата на Севиља. Сеуште се чека Унаи Емери да го потврди заминувањето.

„Се надевам дека Емери наскоро ќе потврди дека ќе замине. Понудата ја добив на почетокот на неделата и не размислував долго. Ова е клуб кој редовно игра и освојува европски натпреварувања. Ова е мојот сон и среќен сум што ќе го остварам“, изјави Сампаоли.