Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Блес Матуиди игра одлично на тековното првенство, еден од организаторите на играта на Галските петли.
Уште една стана остана на него и неговите соиграчи за да стигнат на врвот. Пред нив е секогаш незгодната селекција на Португалија која има одлични поединци.
Меѓу тие кои заблескаа на ЕВРО е и 18-годишниот Ренато Санчез.
Тоа добро го знае и играчот за врска на Франција.
„Ренато игра одлично. Така млад, а веќе го фалат. Со своите игри заслужи да оствари трансфер во Баерн но и да биде во финале со нас. Веќе сега е голем играч, на него е да работи на своите слабости со цел да стане уште подобар“, додаде за странските медиуми Блес Матуиди.
Финалето меѓу Франција и Португалија се игра вечерва од 21 часот.