Санчез никогаш нема да го прифати овој услов за да остане во Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алексис Санчез добро ја почна позајмицата во Интер, но се соочи со повреда и поради тоа постигна само еден гол, а сега италијанската екипа има проблем со откуп на неговиот договор.

Интер за да го купи Санчез бара да му ја намали двојно платата, плус да се откаже од бонусите кои ги имаше во Манчестер јунајтед.

Санчез во Јунајтед добива плата од 25 милиони евра со бонуси, а Интер плаќа само пет милиони евра од неговата плата.

Јунајтед сака да се ослободи од Чилеанецот, па би го продал и за 20 милиони евра, но Санчез не сака да се согласи на сегашната плата во Интер, односно бара околу 12-13 милиони евра.