„Санчо мисли дека е важен како Роналдо и Руни“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов даде коментар за ситуацијата на Џејдон Санчо во премиерлигашот.

Англискиот репрезентативец беше суспендиран од екипата и исфрлен од првиот тим затоа што ги прекршил правилата поставени од тренерот Ерик Тен Хаг.

Санчо мора да му се извини на Тен Хаг ако сака да се врати во првиот тим, но очигледно Англичанецот нема таква намера.

„Мислам дека Санчо се преценил. Кога станува збор за Роналдо и Руни, сè е поинаку, затоа што тие постигнаа големи резултати. И кога се караа со тренерите, тоа се решаваше, но сега е поинаква ситуација“, вели Бербатов.