Сари: Јас дури и не разговарав со Пјаниќ …


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Миралем Пјаниќ ги одбројува последните недели во Јувентус, откако тој официјално стана играч на Барселона пред неколку дена и следната сезона ќе игра за Каталонслата гордост.

Преговорите меѓу Барселона и Јувентус траеја скоро два месеци, а на крајот работата беше завршена на задоволство на сите страни. Пјаниќ ќе замине на Ноу Камп, а Артур Мело на стадионот „Алијанц“ од следната сезона.

Јувентус реши сериозно да смета на босанскиот репрезентатец во наредните два месеци, па искусниот играч од средниот ред беше стартер против Џенова со прилично добар настап.

По натпреварот, ситуацијата и трансферот на Пјаниќ ја коментираше и тренерот на „Бјанконерите“, Маурицио Сари, кој рече дека во последниве денови воопшто не разговарал со новиот член на трофејниот клуб од Ноу Камп.

„Деновиве не сум разговарал со Пјаниќ … Последен пат кога го сторив тоа по карантинот, тој беше резервиран во овие 20-25 дена. Се прашувавме и баравме причина. Тоа беше повеќе од психолошки пад“, рече искусниот стручњак. и продолжи:

“Сигурен сум дека тој ќе игра добро во овој период. Минувам низ сè добро, јас сум смирен. Воопшто не сум загрижен од таа страна”.

Пјаниќ потпиша четиригодишен договор со Барселона со неверојатна откупна клаузула во висина од 400 милиони евра.