Сари ќе му биде тренер на Лацио!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанската Серија А доживеа големи тренерски промени за само неколку дена, а тоа почна со пристигнувањето на Жозе Мурињо на клупата на Рома.

Потоа Фиорентина го ангажираше Џенаро Гатузо, откако доби отказ од Наполи, а Јувентус го замени Андреа Пирло со Масимилијано Алегри.

Аурелио де Лаурентис соопшти дека Лучано Спалети ќе биде нов тренер на Наполи, додека на кормилото на Интер ќе биде Симоне Инзаги.

Од гигантите на Апенините нов тренер доби и Маурицио Сари, кој ќе го преземе тимот на Лацио, кој не успеа да избори место во Лига на шампиони за следната сезона, па токму тоа ќе му биде главна задача на поранешниот стратег на Челси, Наполи и Јувентус.