Сари: Зошто ме критикуваат? Веројатно сум луд за некои луѓе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус е пред нова титула италијански шампион.

Старата дама уште еднаш покажа дека засега нема вистински ривал во Серија А, а по доминацијата на Антонио Конте и Макс Алегри, првата титула ќе ја освои Маурицио Сари.

За разлика од претходните тренери на Јувентус, Сари трпи жестоки критики поради слабата игра на тимот, но тој тврди дека единствено што е важно е што тимот го освојува трофејот.

„Зошто ме критикуваат? Јас веројатно сум луд за некои луѓе. Не ми е премногу важно. Дозволете резултатите да зборуваат сами за себе. Мислам дека имаме повеќе факти од наша страна отколку оние што го искажуваат своето мислење за нашиот тим“, рече Сари.

Јувентус вечерва ќе го одигра својот натпревар од 35-то коло во Серија А. Противник е Удинезе и победата е дефинитивно императив за Старата дама.

Со нив нема да биде лесно. Удинезе сè уште не се погрижи за опстанокот, но судејќи според шансите, немаат премногу шанси за изненадување.