Саудијците и Американците му нудат плата на Модриќ од која боли глава!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ има 37 години, но сè уште е почитуван во Реал Мадрид кој сака да му го продолжи договорот.

Шпанскиот гигант има политика на фудбалерите над 30 години да им нуди договор на само една сезона, па така ќе биде и со Модриќ.

Хрватот, сепак, има богати понуди од Саудиска Арабија и САД, па сега очекува понуда од Реал Мадрид за да донесе конечна одлука.

Модриќ ќе ја искористи следната сезона да се подготви за Европското првенство (ЕП) во 2024 година, каде што ќе ги предводи „коцкестите“.

Искусниот фудбалер стигна во Мадрид во 2012 година за 30 милиони фунти од Тотнем.