Саудиска Арабија гради нова патека зашто сака две трки во Ф1


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Властите во Саудиска Арабија ќе градат нова патека за Формула 1 бидејќи сакаат две трки во „најбрзиот циркус“ во иднина.

Патеката во Кидија се очекува да биде изградена до 2026 година, каде што ќе се пресели Големата награда на Саудиска Арабија.

Трката во моментов се вози на патеката Џеда Стрит, па сега властите се надеваат дека ќе остане и таа трка, а ќе добијат и дополнителна во Кидија.

„Не може да одбиеме такво нешто. Имаме големи придобивки од ваквите спортски настани, па поради тоа инвестираме во нив“, соопштија властите од државата.