Саутгејт е горд на победата против Данска: Никогаш не сум го видел „Вембли“ во ваков сјај!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Англија, Герет Саутгејт кажа дека е горд на фудбалерите по пласманот во финале на Европското првенство (ЕП) и знае дека екипата ја чека тешка задача против Италија во борбата за трофејот.

Англија за првпат ќе игра во финале на ЕП откако на „Вембли“ во Лондон по продолженија ја победи Данска со 2-1.

„Горд сум на фудбалерите. Неверојатно е да се биде дел од ова, навивачите се неверојатни. За нашата земја. Никогаш не сум го видел ‘Вембли’ во ваков сјај. Посебно е тоа што можеме да го поделиме ова чувство со сите“, кажа Саутгејт.

Саутгејт кажа дека очекувал тежок натпревар против Данска, но екипата одиграла одлично.

„Мислев дека ќе успееме, но знаевме дека ќе водиме различни битки на теренот. Данска е потценет тим, но ни направија многу проблеми. Во финалето сме и мора да уживаме, но имаме тежок противник. Италија има добра екипа, покажаа неверојатна форма, а сега мора ние да ја завршиме работата“, вели селекторот на Англија.