Саутгејт: Натпреварот со Франција е наш најголем тест


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт кажа дека во четвртфинале го очекува голем тест против Франција.

Фудбалерите на Англија се пласираа во четвртфинале на Мундијалот во Катар, откако беа подобри од Сенегал со 3-0, додека Франција славеше со 3-1 против Полска.

„Тоа ќе биде наш најголем тест. Тие се светски шампиони и имаат талентирани фудбалери. Противниците знаат како да ни дадат гол и ќе биде голем предизвик за нас да се игра ваков натпревар“, кажа Саутгејт.

Саутгејт го пофали и Килијан Мбапе, кој досега постигна пет гола на Мундијалот.

„Тоа е фудбалер од врвна класа и покажа за што е способен. Франција го има и Оливие Жиру, но и одлична одбрана“, вели англискиот селектор.