Се бори за титула во НБА и го советува Бајден: Има 36 години, игра одлично, а веќе стана политичар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот претседател Џо Бајден ќе добива помош од Крис Пол, легендарниот кошаркар во НБА-лигата и плејмејкер на Феникс.

Бајден доби нови советници, а еден од 18. луѓе кои ќе бидат покрај него и ќе му помагаат е големата ѕвезда во НБА.

Пол ќе има голема улога во советувањето на претседателот, односно во обидот да се поправат улсовите во образованието за припадниците на малцинствата во САД.

Иако на теренот често знае да биде и премногу борбен, сепак Пол има посебен имиџ кога станува збор за лидерските способности.

Неколку пати беше избран на функција која НБА-лигата им ја доделува на кошаркарите, а и сега треба да биде многу гласен во борбата за права.