Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маурицио Покетино вчера во Шпанија одржал состанок со раководството на Челси и останува да се договорат уште одредени детали пред да се потпише соработката меѓу двете страни.
Преговорите меѓу Челси и Покетино се во завршна фаза, откако во изминатите денови и познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека тренерот е блиску до преземање на премиерлигашот.
Покетино се очекува да почне со работа на почетокот на новата сезона, со тоа што ќе ги добие посакуваните засилувања на лето и ќе може да изгради моќна екипа која ќе треба да ја врати на врвот на Англија.
Челси има кошмарна сезона во која најверојатно ќе остане без европските купови, затоа што поблиску е до зоната за испаѓање.