Се е готово, Пјаца избра клуб!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според пишувањата на италијанските медиуми, Марко Пјаца е нов играч на Милан.

Адријано Галијани од синоќа е во Загреб и договори со својот стар пријател Марко Налетилиќ, менаџер на играчот, трансфер во редовите на Милан.

Наводно и Динамо попушти и Пјаца е на чекор од Сан Сиро.

Модрите можат да профитираат  и до 20 милиони. За хрватскиот репрезентативец се интересираше и Јувентус, потоа Ливерпул, но се чини дека Росонерите успееја први да дојдат до целта.

Пјаца е на одмор, но во наредните денови се очекува во просториите на Милан, на официјално претставување.