Се е завршено: Насмеаниот Лукаку стигна на лекарски прегледи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот напаѓач силно сакаше да ја напушти екипата од Олд Трафорд и да потпише за Интер, а таа желба на крајот му се оствари.

Лукаку синоќа во друштво на агентот Федерико Пасторело насмеан слета во Милано, а денес ќе ги направи лекарските прегледи и ќе потпише петгодишен договор со Нероаѕурите.

Манчестер Јунајтед ќе инкасира 65 милиони евра од овој трансфер, а можно е да заработи и додатни 10 милиони евра низ бонуси.

Исто така, тимот од Олд Трафорд ќе има и пет проценти од наредната продажба на белгискиот напаѓач.

Лукаку замина од Јунајтед после две години и со учинок од 42 голови во 96 настапи за Црвените Ѓаволи.