Во ДЕКЕМВРИ 2025 година започна изградбата на стадионот што може да стане најголем на светот. Сместен е на периферијата на Ханои, главниот град на Виетнам, и го носи името Тронг Донг, по традиционалните виетнамски бронзени тапани.
Амбициозниот проект предвидува стадион со капацитет од 135.000 гледачи, а новиот рок за завршување на работите е јули 2027 година, една година пред првичниот план. На него нема да се одржуваат само фудбалски натпревари, туку и големи спортски натпревари, концерти и други настани.
Стадионот ќе има специфичен надворешен изглед инспириран од тапаните на древната цивилизација Донг Сон, која живеела на подрачјето на денешен Виетнам. Германската страница Sports Render, специјализирана за стадиони ширум светот, објави нови информации за напредокот на проектот.
По речиси девет месеци работа, на градилиштето почнуваат да се појавуваат огромни столбови високи речиси 80 метри. Тие ќе бидат дел од конструкцијата на подвижниот покрив, еден од највпечатливите елементи на идниот стадион.
.
















