Се гради шампионски Вардар: „Црвено-црните“ го потврдија трансферот на Толедо!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вардар повторно се искачи на европскиот врв, откако ја освои Лигата на шампиони во претходната сезона, по што следува реконструкција на екипата.

Дел од ракометарите, како и тренерот Роберто Гарсија Парондо го напушти европскиот шампион, но тие веднаш тргнаа во акција да изградат шампионски тим.

Денеска на официјалната веб-страна беше потврден трансферот на Бразилецот Хозе Толедо, кој ќе му прави друштво на Даинис Криштопанс на десната бековска позиција.

Толедо е роден во Сао Паоло, а го краси голема висина од 193 см, додека во кариерата има освоено златен и сребрен медал на Пан Американските игри.

Од управата на „црвено-црните“ соопштија дека се среќни што го ангажирале Толедо, па се надеваат дека ќе ги оправда очекувањата.