Сè или ништо: Ова е последниот адут на Ливерпул во борбата за титулата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер сити на три кола пред крајот на сезоната имаат бод повеќе од Ливерпул и тие се на чекор да станат првиот тим по десет години, кој ја одбранил титулата во Премиерлигата.

Екипата на Гвардиола славеше против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ со 2-0, но во недела ќе играат против неверојатна традиција.

Најголема надеж на Ливерпул е Барнли, кој во секоја сезона го победувал бранителот на титулата.

„Граѓаните“ до крајот на сезоната ги очекува и гостување кај Брајтон, а на „Итихад“ го пречекуваат Лестер. Од друга страна, Ливерпул го пречекува Хадерсфлд и Вулверхемптон, а гостува кај Њукасл.

Првиот меч меѓу Сити и Барнли заврши со победа на „граѓаните“ од 5-0, а доколку домашната екипа сака да ја продолжи неверојатната траиција, ќе мора да го совлада актуелниот шампион.