„Се надевам дека долго ќе останам во Манчестер“


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


Хенрик Михтаријан денеска потпиша четири годишен договор со Манчестер Јунајтед.

Тој и официјално е претставен во Манчестер, а одма по потпишувањето на договорот даде свој коментар:

„Многу сум горд што стигнав во Манчестер Јунајтед. Овој трансфер за мене е остварување на сонот“, рече Михтаријан за официјалната клупска страна, и додаде:

„Возбуден сум што ќе играм во така славен клуб и се надевам дека долго ќе се задржам. Се заблагодарувам на клубот за довербата, како и на Жозе Мурињо“.

„Хенрик е одличен тимски играч и со големи способности и одлично чувство за гол. Пресреќен сум што се одлучи да ни се придружи. Верувам дека добро ќе се вклопи во англискиот стил и верувам дека добро му одговара Премиер лигата. Се радувам што ќе соработувам со него“, истакна тренерот на Јунајтед Жозе Мурињо.