„Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фенербахче ја засили последната линија така што од ПСЖ го доведе Холанѓанецот Ван дер Вил.

Иако не се наигра во дресот на Светците во минатата сезона, десниот бек ќе добие повеќе простор за игра во сино – жолтиот дрес.

За првиот впечаток после потписот за новиот клуб, зборуваше токму Холанѓанецот.

„Многу ми е мило што во Фенербахче ќе започнам ново поглавје во својот живот. Сметам дека ова е вистинска средина за мене и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата. Благодарам за сите за добредојдовте и за тоа што ме поддржувавте“, рече за странските медиуми новопечениот фудбалер на турскиот тим, Грегори Ван дер Вил.

Новиот фудбалер на Фенербахче вчера го одработи и првиот тренинг со тимот.