„Се надевам дека Реал Мадрид ќе дојде по мене“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Муса Сисоко сеуште не губи надеж.

Сисоко сеуште се надева дека до крајот на преодниот рок дресот на Њукаск ќе го замени со дресот на Реал Мадрид.

„Се надевам дека Реал Мадрид ќе дојде по мене.Уште чекам…Кога еден Реал се интересира за вас, тогаш сте секако среќни, но јас сум моментално сеуште играч на Њукасл“, рече Франзуцинот за World Football и додаде: „Овде поминав три и пол години. Дадов се од себе за овој клуб. Сега е време за мене да играм големи натпревари, а за тоа морам да отидам некаде на друго место. Сакам да играм во клуб кој може да игра во ЛШ. Навивачите треба да ја разберат мојата одлука. Се надевам дека и ќе сакаат и дека се ќе помине во најдобар ред“.

Да потсетиме дека Сисоко вниманието  на себе го привлече после одличните партии на ЕП во Франција и дека Њукасл за него бара околу 40 милиони евра.