„Се надевам дека Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите во Јапонија“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачоте на Мерцедес, Луис Хамилтон не очекува изненадувања на трката во Јапонија, но притоа се надева дека Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите останати на патеката.

Макс Ферстапен од Ред Бул ја покажа својата доминација вчера и денеска во Јапонија, па од пол-позиција утре ќе го нападне првото место.

„Се надевам дека Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите. Имаа тежок викенд во Сингапур, но нивниот болид ќе биде одличен на трката. Имаат одличен ритам, а Јапонија им одговара“, кажа Хамилтон.