Се надевам дека со Роналдо ќе се сретнам во финалето


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Месут Озил и Кристијано Роналдо се многу добри пријатели, а пријателство ззапочна од времето кога и Озил беше член на Реал Мадрид.

Озил му посака среќа на Роналдо против Велс и истакна дека тој и Роналдо имаат исти амбиции, но и дека се надева дека тие двајца ќе сретнат во финалето на ЕП.

“Ние долг период ја делевме соблекувалната и од времето кога и јас бев во Реал нашето пријателство трае. Се надевам дека тие ќе го поминат Велс и дека ние ќе ја поминеме Франција, па ќе се сретнеме во финалето. Ние сме пријатели, но Роналдо како и јас е гладен за трофеи, па тие 90 минути ние ќе бидеме противници”- изјави Озил.