Се подготвува сензационален потпис на Лука Модриќ?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Многу италијански медиуми вчера објавија информација дека Масиљано Алегри е сериозен кандидат за нов тренер на Реал Мадрид. Наводно, искусниот стратег, кој во моментот е на клупата на миланскиот тим, е сериозна опција за „Кралевите“.

Потврди на овие информации од Шпанија нема, а Италијанците во својата приказна одат уште подалеку. Тврдат дека, во случај да го преземе кралскиот клуб, Алегри со себе на „Сантиаго Бернабеу“ би го повел Лука Модриќ и Адриен Рабио.

“Ако Масиљано Алегри ја прифати понудата на Реал Мадрид, тој сака со себе да ги поведе Лука Модриќ и Адриен Рабио”, наведуваат италијанските медиуми.

Неодамна се појави информација дека Лука размислува само за две опции. Едната е враќање во Динамо, каде што би одиграл сезона и потоа би ја завршил кариерата, а другата е по Светското првенство во дресот на Хрватска да ги закачи копачките на клин.

Луѓето од Милан се обидуваат да го убедат да остане на „Сан Сиро“ и следната сезона. Одлуката, сепак, сè уште не е донесена.

Нема дилема дека враќањето во Мадрид би станало приоритет пред сите други. Модриќ со семејството планира да живее во главниот град на Шпанија по завршувањето на кариерата, а простување во омилената униформа сигурно е нешто за кое сонува.