Се појави аудио снимка: Што му кажа од ВАР-собата на судијата пред да досуди пенал за Реал? ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше во „Ел Класико“ против Барселона со 3-1. Тие успеаа да извојуваат важна победа и да ја прекинат серијата од лоши резултати, но мечот го одбележа Мартинез Мануер.

Судијата се најде на мета на критики поради пеналот кој го досуди во корист на Реал Мадрид. Тој покажа на белата точка зашто сметаше дека Ленгле направил прекршок врз Рамос, но многумина не се согласуваат со таа одлука.

Главниот судија реши да ја погледне ВАР-снимката од ситуацијата и потоа досуди пенал, иако од Барселона сметаат дека Рамос паднал театрално и немало пенал.

Асистентот од ВАР-собата бил Хозе Мариа Санчез Мартинез, кој наводно му кажал на главниот судија да не досуди пенал зашто нема доволно елементи за такво нешто, по што Мануер решил сам да процени и да донесе одлука.