Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Порталот Footy Headlines дојде до посед на фотографии од новиот и ексклузивен дрес на Јувентус.
Споменатиот портал најчесто изгледите на новите дресови ги објавува пред да ги објават тие, а сега истото го направи и со изгледот на новиот дрес на првакот на Италија.
Дресот ќе биде искомбиниран од две бои – црна и бела, а она што посебно влегува во очи е розевата трака која се шири по средината на дресот.
Оваа боја се појавила на дресот на Јуве и пред три сезони но тогаш се работеше за изгледот на гостинските дресови.
Фановите и баш не се одушевени, но треба да се има на ум дека овој дрес сеуште не е потврден од раководството на Јувентус за наредната сезона.