Се повторува случајот на Балак? Алаба удри по управата на Баерн Минхен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден ден откако претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер соопшти дека германскиот гигант ја повлекол понудата испратена до Давид Алаба, самиот фудбалер се појави пред гмедиумите.

Алаба кажа дека за оваа информација првпат слушнал од медиумите и дека не знае што ќе се случи во следниот период.

„Разочарување е вистинскиот збор. Слушнав за тоа вчера. Тоа беше посебна ситуација. Ќе видиме што ќе биде понатаму. Не сум размислувал засега“, вели Алаба.

Потоа испрати и провокации до членовите на раководството на баварскиот гигант и вели дека внатрешните работи треба да останат – внатрешни во клубот.

Алаба има договор до крајот на сезоната, а како што стојат работите, по 15 години ќе се повтори случајот на Михаел Балак, кој тогаш како слободен фудбалер се пресели во Челси.