Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Фудбалерите на Ливерпул формата од минатата сезона ја задржаа и во оваа, па затоа и се први на табелата во Премиер Лигата.
Минатата година успеаа да го освојат трофејот од Лигата на Шампионите, а трофејот од домашното првенство им избега за влакно.
Оваа сезона фуриозно тргнаа и во првенството и се први на табелата, веројатно ќе направат се за да ја освојат титулата во Премиер Лигата.
Тоа што фасцинира е формата на Ливерпул на Енфилд во домашното првенство каде што Редсите немаат изгубено натпревар од април во 2017. година.
Последниот пораз на Анфилд беше од Кристал Палас и тоа на 23. април 2017. година.
Вчера беа многу блиску за да ја прекинат таа низа бидејќи Тотенхем вчера водеше со резултат од 1:0, но Ливерпул успеа да го сврти натпреварот и на крајот да си замине како победник.
Со оглед на одличната игра на тимот кој е предводен од Јирген Клоп се поставува прашањето дали некој набрзо ќе може да оствари победа на Енфилд.